Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Socio-ekonomskata sostojba na r. Makedonija". Rad ima 28 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.
„Универзитет Св. Климент Охридски“
Економски факултет-Прилеп
СЕМИНАРСКА РАБОТА
по предметот
статистика за економисти
тема
-Социо-економската состојба на Р.Македонија и можните алтернативи за нејзино унапредување-
-прв дел-
Ментор, Изработиле,
Прилеп,Февруари,2005
Вовед
Иницијалниот импулс кој не поттикна да ја направиме оваа семинарска работа е навистина загрижувачката, ако не и катастрофална полжба во која се наоѓа Р.Македонија.Проблемите со невработеноста, корупцијата, сивата економија, немањето на пари секојдневно како ехо одекнуваат во ушите на македонските граѓани, а особено е чувствително кај младите луѓе кои бараат вработување и оние луѓе кои ја загубиле работата или им “виси на конец”, кај кои што се зголемува деградацијата ,чувството на инфериорност, депресијата, се губи човековото достоинство и ред други реперкусии.
Сето ова води кон експлоатација на трудот и неговите интелектуални способности како и намалување на неговата креативност, иновативност и иницијатива.
Затоа решивме нашиот семинарски труд да го посветиме на реалноста која не опкружува и која не води кон агонија, а крајно тенденцира кон ентропија на целокупниот општествено-економски и политчки систем на Р.Македонија.Така за подобро да го отсликаме тој “банален пејсаж” на кој што сончевите зраци само sиркаат низ темните облаци , прво направивме едно анкетно истражување на 130 испитаници кои или се директно инволвирани во “пејсажот” или се само “неми гледачи” , а потоа направивме една сублимација на одговорите и корелациона анализа на нивната каузална поврзаност.
Податоци од анкетното истражување
Истражувањето е направено со помош на анкетен прашалник кој опфаќа 12 прашања, кои според нашето мислење се есенцијални за добивање на јасна слика за социо-економската состојба.По случаен избор анкетиравме 130 испитаници и тоа по структури:
По пол:
мажи 72 жени 58
По старосна структура:
млади(20-35 г.) 41 средовечни(36-55 г.) 81 над 56 8
По образовен профил:
доктори на науки 2 магистри на науки 2 високо образование 58 вишо образование 13 средно образование 55
По работен статус:
вработени 79 студенти 30 невработени 13 пензионери 8
1.Според вас, кој е најголемиот социо-економски проблем на Р.Македонија?
А висока невработеност 50 38,5% Б корупција 45 34,5% В сива економија 15 11,2% Г нискиот степен на сигурност и безбедност на домашниот и странски капитал 25 15,8%
Економско резиме:Ако ги анализираме индуктивно проблемите ќе видеме дека во Р.Македонија сите тие се каузално поврзани, но од апсолутните и од релативните податоци добиени од анкетата de facto може да се заклучи дека испитаниците добиваат најголем иницирачки интензитет за проблемите со високата невработеност и корупцијата.Така дедуктивниот резултат би значел дека ако се зголеми нискиот степен на сигурност и безбедност на домашниот и странски капитал, ќе се намали корупцијата и сивата економија,а со тоа и ќе се редуцира и високата невработеност.
...
-------------------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU.---------------------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL:
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!